441
Откако на демонстрантите повторно им беше блокиран пристапот до Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, тие се упатија кон Владата. Тогаш, кордоните полиција кои беа распоредени околу партиското седиште на владејачката партија почнаа да трчаат кон Влада за да стигнат пред демонстрантите.
Сега незадоволните граѓани се пред Владата, но се опколени од сите страни со полициски кордони. Сепак, полициските командири постојано им издаваат наредби на припадниците на ЕБР да не применуваат сила и да не паѓаат на провокации.