346
Протестот од пред Собранието се пресели пред Владата на Република Македонија. Демонстрантите поминаа под Триумфалната порта и низ плоштад Македонија. Овојпат Триумфалната порта се спаси од балони со боја, но и стои бојата од вчера.
Пред Влада незадоволните граѓани извикуваат „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“, а се пее и „Грујо лопове“. Протестот е мирен, без никакви инциденти, ниту судири со полицијата. Луѓе има од едната до другата раскрсница пред Влада.