445
Демонстрантите кои се вратија пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ веќе одреден период се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон кој не дозволува тие да се доближат до партиското седиште.
На незадоволните граѓани претходно им се придружи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој доби критики. Демонстрантите му се обратија на Заев со зборовите: „Доста се сликате, направи нешто!“.
Опозицискиот лидер на ова одговори дека тој е дојден само за да изрази поддршка на граѓаните кои протестираат.