816
Пред седиштето на СДСМ постојано пристигнуваат поголеми групи на граѓани. Пристигнуваат и голем број специјални единици од МВР. Демонстрантите ги дочекуваат со извикување и упатуваат навреди и вулгарни зборови кон нив, јавува телевизија 24 Вести.
Демонстрантите не сакале да коментираат дали ова е контра-протест, но дел од нив рекле дека со протестот сакаат да му порачаат на Заев да не бега од избори и да ги почитува одлуките на државните институции и народните избраници.