404
Граѓанскиот протест од пред Собрание продолжи кон зградата на Министерството за надворешни работи, чија фасада демонстрантите предмалку ја обоија со шаренило.
Граѓаните скандираат „Оставка”, „Робија за криминалците и „Нема правда нема мир”.
Демонстрантите веќе дванаесетти ден по ред протестираат против одлуката за колективна аболиција.
На денешниот протест јавно се обратија Бранимир Јовановиќ од партијата „Левица“, новинарот и активист Петрит Сарачини, професорот Иван Бабановски, пејачката Кристина Арнаудова и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кои зборуваа за Шарената револуција, како и потребата од слобода и мир.