Ременски: Стопирана исплатата на сите социјални трансфери

by Фокус 19:45
19:45

Министерот за финансии Зоран Ставрески не префрлил 12 милиони евра, пари кои само за месец март се неопходни за исплата на социјалните и останатите трансфери, обвинува министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Ременски вели дека во  Министерството за финансии скоро еден месец стојат на трезор нереализирани исплати кон граѓаните за породилно боледување, правата од социјална заштита, средства за здравствено осигурување и други социјални надоместоци.

- Advertisements -

Таа го повика Ставрески веднаш да ја одблокира исплатата на социјалните и останатите надоместоци.

Од Министерството за финансии пак, велат дека тврдењата на Ременски се неточни и станува збор за „уште еден обид да се манипулира јавноста како дел од нечија политичка агенда.“

Поврзани новости