354
Демократскиот сојуз ќе достави иницијатива до Уставен суд за преиспитување на уставноста на Законот за Совет за утврдување и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија, усвоен на вчерашната собраниска седница.
„Во услови кога имаме одлични млади магистри по правни науки, со положен судски испит, со одлично познавање на повеќе странски јазици, користење на компјутери, крајно неодговорно, неприфатливо и спротивно на Уставот е овие кадри, како и сите други кадри со огромно искуство и професионален интегритет да бидат исклучени од можноста да членуваат во Советот“, соопштија од партијата на пратеникот Павле Трајанов.