Демократски сојуз: Рехабилитација на лустрираните со кои се пресметуваше ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

„Да се интензивираат реформите во судскиот систем, кој и натаму ги кочи промените, владеењето на правото, како и важење на законите подеднакво за сите граѓани“, се вели во соопштението од ДС.

Во соопштението стои дека ДС предлагаат предлага три крупни промени:

– Укинување на Советот за утврдување на факти, кој е надвор од уставниот поредок и без никаква логика и оправданост да постои.

– Укинување на  Комисијата за воедначување на казнената политика. Ваква комисија никаде во светот не постои и директно е спротивна на начелото на слободно и самостојно одлучување од страна на судиите.

– Укинување на Комисијата за лустрација (Комисија за верификација на фактите) чие постоење е анахроно на промените, особено што Законот за лустрација е укинат.

ДС предлага рехабилитација на сите лустрирани со кои се пресметуваше водството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите овие комисии се формирани со посебни закони и нивното укинување е можно да се реализира за не повеќе од десетина дена“, велат од партијата.

Поврзани новости