Демократскиот Сојуз смета дека Задолжувањето на државата со издавање на еврообврзница од 650 милиони евра и дополнително за 350 милиони евра преку каматата за следните 10 години е своевиден грабеж на граѓаните.
„Неразумното трошење на народните пари преку изградба на споменици, дуплирање на администрацијата, мегаломанските инфраструктурпроекти, организираниот криминал и блокадата на евроинтеграциските процеси, ја доведоа Македонија до економски и финансиски колапс.
Ова одлука на Владата е без претходни анализи и пошироки консултации и е одраз на ароганцијата и автократско владеење.
Граѓаните не се согласуваат и понатаму да бидат задолжувани за да продолжи хаосот и грабежот.
Затоа бараме во Парламентот да се отвори расправа за вкупните задолжувања и да се блокира реализацијата на еврообврзницата.
Сите други коментари можеме да ги сумираме во една реченица „Кучињата лаат, а карванот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ оди“.
Демократскиот сојуз предлага брзи избори за да се случат промени и одговорност за лошите политики, деценискиот грабеж и иселувањето на над 600 илјади Македонци“, се вели во денешното соопштение на партијата.