Демократски сојуз: Да се отворат досиеjата на заштитените сведоци

by fokus

Во рамките на Стратегијата за реформи во правосудниот систем, Демократскиот сојуз, предлага, да се отворат досиеjата на заштитените сведоци, каде врз основа на нивните сведочења се осудени повеќе лица во фабрикувани случаи.

-Демократскиот сојуз инсистира на забрзана динамика при носењето закон за амнестија, закон за укинување на одлуките за лустрација и одговорност на нарачателите на лустрацијата, како и да се донесе посебен закон за проверување на “фактите” врз основа на кои неосновано се осудени голем број на граѓани, велат од Демократскиот сојуз.

Оттаму додаваат дека неопходно е да се укинат и законите за формирање на Совет за утврдување на факти, како и Комисијата за воедначување на казните, апсурд кој не го познава светската пракса“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Поврзани новости