Димитров по средбата со Коѕиас: Разговаравме како двете страни го перципираат проблемот за името

by Фокус

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, по средбата со грчкиот колега Никос Коѕиас во Скопје предмалку изјави разговарале за процесот за надминување на разликата околу името.

-Разговаравме како се одвива процесот, за методите и модалитетите за решавање, но разггаваравме и за тоа кои се интересите и грижите на двете страни за ова прашање, со цел да има поголемо разбирање за тоа како двете страни го перципираат проблемот – објасни Димитров.

Тој додаде дека со Коѕиас се договориле да се гледаат почесто, и тоа не само на официјални средби.

Поврзани новости