Јавно обвинителство отвори предмет за нападот врз новинарите на НОВА ТВ

by fokus

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори предмет за нападот врз снимателот и новинарката од веб порталот НОВА ТВ пред трговскиот центар Бисер во Аеродром минатата недела за време на собирањето потписи за иницијативата против населување на мигранти.

Од скопското јавно обвинителство велат дека се издадени наредби и насоки кои имаат за цел утврдување на идентитетот на сторителот и целосно расветлување на настанот, по што ќе следи мериторна јавнообвинителска одлука.​

Поврзани новости