396
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја повикува Државната изборна комисија да достави извештај до Собранието, во врска со прочистувањето на избирачкиот список, врз основа на кој собранието да отвори расправа и да процени дали еден од битните предуслови за спроведување на фер, слободни, демократски и кредибилни избори на 5 јуни е исполнет.
„Во услови на системска блокада на државните институции, без реформи во правосудство, без одговорност на креаторите на политичката криза, а со досега невидена манипулативна медиумска кампања, изборите нема да ја разрешат кризата. Затоа очекуваме реални оценка од сите партии, при што интересите на државата и граѓаните треба да бидат пред личните и партиските. Се работи за иднината на државата, затоа е неопходно разумно, одговорно и државничко однесување“, смета ДС.