Собранието денеска ќе ја верификува смената на министри од редовите на ДУИ

by Фокус

Собранието денеска треба да ги констатира оставките на министрите и на замениците министри од ДУИ и да ги избере новите министри што синоќа ги предложи партијата.

Партискиот лидер Али Ахмети, по одлуката на партиското претседателство за пренесените овластувања, вчера ги соопшти предлозите за нови министри и заменици министри, меѓу кои се најдоа непознати имиња за пошироката јавност.

Пред неколку дена претседателството на „интегративците“ одлучи да се повлече од владата, при што се разгледуваа различни сценарија за причините, целта и последиците на овој потег, за на крај да испадне дека се работело за тотална кадровска смена во владата.

Поврзани новости