ФСП бара вонреден конгрес на ВМРО

by Фокус 09:47
09:47

Форумот на слободоумните патриоти бара веднаш Никола Груевски да си поднесе оставка од претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ и партијата веднаш да отпочне постапка за вонреден конгрес, со оглед на водењето на непринципиелна и неконзистентна политика, крајно безобразната манифестација на антипатриотизам и отсуството на морален, етички, политички кредибилитет.

„Конгресот да се организира што е можно побрзо, а најдоцна до 10 мај, за да бидат избрани тела и органи на партијата во кои ќе членуваат неискомпромитирани и политички недевалвирани истакнати членови на ВМРО ДПМНЕ. Поради нарушениот политички кредибилитет, етички норми на однесување и заради загрозување на интересите на партијата, а со тоа и на државата, Груевски веднаш да си поднесе оставка на функцијата, без право на повторен реизбор. Исто така членовите на извршниот комитет веднаш да депонираат оставки“, стои во повикот на ФСП.

- Advertisements -

Поврзани новости