Демократска фракција на ВМРО: Раководството ги доведе пратениците во ситуација да извршат предавство

by Фокус

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ зад која стојат, Јове Кекеновски, Филип Петровски и други членови на ДПМНЕ, по вчерашната поделба на пратеничката група како резултат на гласањето за уставни измени, побараа вонреден партиски конгрес со цел создавање на ново и прочистено ВМРО-ДПМНЕ.

„Потребно е да се понесе одговорност зошто не се послуша советот на фракцијата пратениците да си поднесат оставка на функцијата поради реалната опасност и можност од уцена, закани и нивно купување. Актуелното раководство на ДПМНЕ свесно и намерно ги доведе дел од пратениците во таква ситуација. Потребена е политичка одговорност за водењето на калкулантската политика“, велат од Демократската фракција.

Од таму додаваат дека не може да се води најголема опозициона политичка партија од луѓе кои, посочуваат од таму, со едно око му намигнуваат на членството, а со друго на политичкиот противник и меѓународната заедница.

Поврзани новости