Владата го достави предлог законот за укажувачите до Собрание

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната 48. седница го разгледа и утврди текстот од предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачите и го достави до Собранието на Република Македонија на понатамошно усвојување.

Како што велат од Владата, со овој предлог закон се врши усогласување со меѓународните стандарди пропишани во оваа област, се обезбедува поголема заштита на укажувачите со што Владата на Република Македонија јасно ги потврдува политиките на борба со корупцијата.

Поврзани новости