378
Демонстрантите кои се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, тргнаа кон Министерството за образование, извикувајќи „Готово е Никола“, „Нема правда нема мир“, Во борба, во борба“… Но, таму ги пречекаа голем број на силно вооружени припадници на МВР, кои ги спречуваат да ја „бојадисаат“ зградата на Нова Македонија, каде е сместено ова министерство. Инаку, тие бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, повлекувањето на аболицијата, одложување на изборите и формирање на специјален суд.