Кирацовски: Администрацијата пуштена порано од работа за контра-протестот

by Фокус

Дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски тврди дека административците денеска биле пуштени порано од работа за да одат на контра-протестите на ГДОМ, кои вечерва ќе се одржат пред Собранието на Република Македонија.

– И денес, во 15 часот, државниот секретар во моето министерство, но и од останатите министерства со одредена одлука ги испратија сите вработени „наводно“ дома. Истото се случуваше и во сите останати институции. Претпоставувате зошто. Затоа што денес во 18 часот ГДОМ има народен собир поддржан од ВМРДО-ДПМНЕ, изјави Кирацовски во емисијата Економски магазин, што ќе се емитва вечерва на телевзија Алсат.

Поврзани новости