Демерџиев бара да се сретне со Спасовски: Патот кон Европа минува преку дела, а не зборови

by Fokus

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во изјава за бугарските медиуми побара средба со неговиот македонски колега, Оливер Спасовски.

Притоа, тој упати порака и до Македонија во однос на нејзиниот пат кон Европската унија.

„Северна Македонија мора да разбере дека патот кон Европа и добрососедските односи минува преку дела, а не преку зборови. Неколку бугарски државјани имаа потешкотии да ја преминат границата. Истиот ден презедовме акција со Министерството за надворешни работи. Побарав објаснување за тоа зошто и кои се причините и како прва причина што ни ја наведоа е немањето струја. Имам барање на крајот на седмицата повторно да се сретнеме, најверојатно тоа ќе биде во Делчево, не во Скопје“, истакна Демерџиев.

Поврзани новости