Османи изрази сочуство до Турција: Ќе сториме сѐ што е во наша можност

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку социјалните мрежи упати порака со сочуство за катастрофалниот земјотрес во Турција во кој има над 1.000 мртви.

„Земјотресот во јужниот дел на Турција претставува огромна трагедија со многу жртви, повредени и материјална штета, која го отежнува справувањето со последиците. Утрово, испратив пораки со сочувство до Турција и турскиот народ преку мојот колега Мевљут Чавушоглу, во кои ја понудив и нашата помош онаму каде што ќе биде потребна за што веќе се прават подготовки во земјата. Со Турција, како што додава, имаме блиско и долгорочно партнерство, кое почива на длабоката поврзаност на народите на двете земји.Нашите мисли се со нашите пријатели, браќа и сестри од Турција, и ние ќе сториме сè што е во наша можност за да им се најдеме на пријателите во оваа неволја“, додава Османи.

Поврзани новости