442
По последниот земјотрес во Скопје со јачина од 4,8 степени по Рихтерова скала, делови од Центар останаа без струја.
Вчера, исто така, снема струја во неколку скопски населби,а од ЕВН информираа дека прекинот на електрична енергија се случил бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита.
Инаку,последниот земјотрес што се случи во 19:53 часот беше втор по јачина, по оној од вчера од 5,3 степени. Во овие два дена Скопје го зафатија десетина земјотреси. Над 130 лица се повредени во паника од земјотресите, а стотици скопјани пријавиле штети во домовите.