Уште еден силен земјотрес во Скопје

by fokus

Земјиштето во Скопје и понатаму се тресе. Вечерва во 19,53 часот повторно беше почувствуван земјотрес од 4,8 степени по Рихтеровата скала.

Претходно, земјотрес имаше во 14:30 часот, со магнитуда од 3,7 степени по Европската макросеизмичка скала, а потрес имаше и неколку минути пред 12 часот, кој беше со силина од 2,3 Рихтерови степени.

Во текот на денешниот и вчерашниот ден, градот го зафатија повеќе од десет земјотреси, а најсилен беше оној во недела во 15:10 часот од 5,3 степени.

Поврзани новости