Делегација на Парламентарно Собрание на Советот на Европа ќе го набљудува вториот круг на изборите во Македонија

by fokus

Делегација на Парламентарото Собрание на Советот на Европа предводена од Мари-Кристин Далоз од 4 до 6 мај ќе престојува во Северна Македонија за да го набљудува вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 5 мај, соопшти прес службата на ПС на СЕ.

Делегацијата на ПС на Советот на Европа изборите ќе ги следи заедно со набљудувачите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што стои во соопштението од прес-службата на ПС на СЕ, ден пред изборите делегацијата ќе има поединечни средби со двајцата претседателски надидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, како и со претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Поврзани новости