Дел од повредените од пожарот пренесени во „8 Септември“ и на скопските клиники

by Fokus

Поради сериозност на повредите здобиени и вдишување чад, во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешки изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба.

Поголем дел од повредените се пренесени во кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Пред Болницата се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите.

Обвинителството изврши увид на местото, ги утврдува жртвите и повредените во ужасниот пожар во дискотеката во Кочани.

Поврзани новости