Деканот на Правниот факултет си поднесе оставка поради притисоци

by Фокус 21:23
21:23

Деканот на Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, си поднел оставка поради долготрајни притисоци. За НОВА ТВ изјави дека со месеци биле испраќани инспекции на Правниот факулетет и Инспекторатот барал од него да има даде откази на професорите Добринка Тасковска, Димитар Гелев и Томислав Гроздановски. Инаку, професорот Гелев во јавноста е познат како критичар на опшествените случувања и на политиките во високото образование.

-Не сакам да потпишам нешто што не ниту правно ниту морално исправно и издржано. Притисоците врз Правниот факултет траат со години, а тие притисоци вклучуваат и политички притисок за вработување на лица блиски до власта, изјави Давитковски за НОВА ТВ.

- Advertisements -

Инаку, професорот Гелев во јавноста е познат како критичар на опшествените случувања и на политиките во високото образование.

 

Поврзани новости