Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Зоран ЗАЕВ татко на претприемач
Чувте ли за Дуле мој што основа фирма (на 18 години) за енергетика,
и сите маани му наоаѓаат, демек не е негов капиталот, која патетика!
А сѐ си е во ред, детето си заштедило, фирмата нек му расне и јакне,
успехот го разбуди завидлизмот, па секој таков може газда му бакне!
Данела АРСОВСКА универзална (не)градителка
Бев поканета на дебатата под отворено небо пред Универзалната сала,
со архитекти, а всушност партиски луѓе на СДСМ, и се случи кавга мала!
Нешто ми мавтаа пред нос со хартии и проекти, од Шилегов одобрени,
но салата нема да се реновира, сѐ дури проектите не бидат подобрени!
Христијан МИЦКОСКИ борец за декларации
Интегритетот на Украина го поддржувам, а русофилите нека ми се лутат,
кога на народ му се оспорува посебноста, Македонци не смеат да ќутат!
Јас го разбирам Собранието како поле за носење декларации, е па ајде,
да донесеме и за Украина и Гоце Делчев декларација, воља да се најде!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Бујар Османи, Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Никола Груевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.