Кои се трите сценарија за крај на војната во Украина?

by Fokus 17:21
17:21

Војната во Украина која трае недела дена може да предизвика големи промени во Европа после Втората светска војна.

Ова е анализата на истакнатиот американски политичар и колумнист, Томас Фридман за американскиот весник „Њу Јорк Тајмс“ и тој предвидува три можни сценарија за овој конфликт

ЦЕЛОСНА КАТАСТРОФА

Според Фридман, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да убие што повеќе луѓе и да уништи што поголем дел од украинската инфраструктура со цел да ја уништи независноста, слободата и културата на таа држава. Доколку тој не ја промени својата политика, може да дојде до воени злосторства кои Европа не ги видела од времето на нацизмот, пренесува „Ал Џезира балканс“.

ВАЛКАН КОМПРОМИС

Постои и друго сценарио кое би можело да доведе до крај на оваа војна, а тоа е украинската војска да може доволно долго време да дава отпор на руските трупи, па така економските санкции ќе нанесат сериозна штета на руската економија. Тоа би бил начин кој би ги натерал и двете страни за постигнување на „валкан компромис“.

СПАС

Последно сценарио е најмалку веројатно, но би можело да претставува најдобар исход, а тоа е рускиот народ да застане храбро во одбрана на својата слобода и да го спаси регионот од војна со исфрлање на Путин од претседателската функција.

Голем дел од Русите се загрижени дека нема да имаат светла иднина додека Путин е на чело на државата, а илјадници луѓе излегоа да протестираат против неговата војна со Украина.

Поврзани новости