Утре протестен марш во Скопје против руската инвазија во Украина

by Fokus

Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ утре (недела, 6 март) најави протест на централниот скопски плоштад „Македонија“, каде ќе се протестира против руската инвазија во Украина.

Собирно место е споменикот „Воин на коњ“ од 14 часот.

„Ги повикуваме сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“, велат од Здружението на Украинците „Лесја Украинка“

Поврзани новости