(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Оливер СПАСОВСКИ објавувач на војна
Криминалциве не ми даваат да си се испофалам за одличните резултати,
од 2017-та има помалку убиства, и убијците МВР често успева да ги фати!
Арно ама, ни тепаат полицајци, а и се пукаат по молови, и тоа личи лошо,
затоа објавивме војна на криминалот, нема веќе да се правиме на Тошо!

 

Бојан МАРИЧИЌ европски цвеќар
Па, видовте ли каков џентлмен сум, ја пречекав Урсула со букет цветен,
иако и не сме баш цвеќе за мирисање, напредокот го нема што е ветен!
Доцнат реформите, но за тоа се криви ВМРО и Левица, ѓавол да ги носи,
државава би цветала да не се тие, зујат како пчели, ама бодат како оси!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА немешач во истраги
На оној Ковачки од ВМРО кој е дежурен да ме клевети, пари не му барам,
го тужам за неговите лаги, но од нечесен човек неќам ни денар да ќарам!
Иако, некогаш е во право, и во армијата имало вознемирување сексуално,
за тоа се води истрага, службите работат, јас во тоа не се мешам тотално!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Марко Бислимовски и Димитар Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости