Министерката Петровска не била информирана за наводна афера со сексуално вознемирување на офицерки во АРМ

by Fokus

На денешните пратенички прашања во Собранието, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки го праша премиерот дали знае за сексуалното малтретирање на офицерки во АРМ.

„Во АРМ има сериозни случаи на злоупотреби на службената позиција и сексуално малтретирање на подредени офицерки и војници од страна на високи офицери вклучително од страна на генерали и началници во воената безбедност. Истите високи офицери за возврат им ветувале унапредување и школување на Воената академија и други бенефити“, рече Ковачки.

Вечерва во емисијата „Click Plus“ на тв21 гостинка беше министерката за одбрана Славјанка Петровска и таа рече дека за ваков наводен скандал досега не била информирана.

„Ако нешто до мене стигне како информација, секогаш без двоумење и притоа без да водам јас истрага, јас веднаш го повикувам Шефот на военото разузнавање и информирам за сите информации кои стигнале до мене“, порача министерката Петровска.

Поврзани новости