(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ човек со гаранција
Јас сум шетал, јас сум бил на Запад, дури до Германија, на Шолц гост,
и од него (наводно) добив гаранции дека на патот за ЕУ имаме мост!
Е добро де, не даде баш гаранции, ама добивме поддршка баш јака,
нашиве лошо го превеле канцеларот, ама битно е дека во ЕУ нѐ сака!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ (не)разбирач на странски мешања
Службите ми кажаа дека во синодот на МПЦ имало и проруски луѓе,
тоа е скандал, секој таму треба да е наш човек, ама еве некој и туѓ е!
Нека учат од австрискиот амбасадор, кој и за фирми се бори страсно,
интересот на бизнисот е и државен, треба да ни стане и на нас јасно!

 

Христијан МИЦКОСКИ спремен за избори
Гледате ли дека удираме по Ахмети, и скандали му вадиме секој ден,
до гуша е во криминал, и не само тој, туку и на фамилијата секој член!
А за уставните измени, Николоски убаво кажа дека глупости се тресат,
јас реков на брашно не легнувам, па џабе им е питата што ни ја месат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Данела Арсовска, Фатмир Бесими, Али Ахмети и Максим Димитриевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости