Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Бранко ЦРВЕНКОВСКИ прагматичен стратег
Абе, десет години не сум политички активен, откао се тргнав на страна,
и глеам сѐ е исто само мене шо ме немало, али ај да не ви наоѓам мана!
Во ЕУ шо нема да влеземе скоро, нема, па дај нова стратегија да бараме,
бар фондови да ни се отворат, пара да се врти, со нешо да се замараме!
Данела АРСОВСКА рефреширач на мостови
Мостон „Беласица“ сакам јас, но експертите не даваат отворен да стане,
тие уште би го вештачеле, но козметичко рефреширање веќе во план е!
Некои „експерти“ дадоа паушални изјави, дека мостот е сѐ уште опасен,
но јас ги слушам тие што велат дека со лесна санација – мостот е спасен!
Стево ПЕНДАРОВСКИ справувач со катастрофи
Некој баксуз ни ја зафатил државава, поплави имавме, да ги видам бев,
но прав потоп преживеаја фудбалерите, изгубија со седум нула, за грев!
Најголема катастрофа е ако на европскиот воз да побегне му дозволиме
опозицијата мора да ја убедиме, па ако треба и до избори ќе ја молиме!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Славјанка Петровска и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.