(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Али АХМЕТИ партиски метеоролог
Не знам што му се чудите на директор на Метрологија што се збунил мало,
па мислел дека со временска прогноза ќе се занима, и киша колко е пало!
На слична тема, да знаете дека и „огнена група“ ко вруќ ветар да ја оддува,
сите што дигаа џева се искључени од партија, они покиснаа, но ДУИ е сува!

 

Данела АРСОВСКА повторно во сообраќај
Да, мостот „Беласица“ е затворен  за сообраќај, ама за тоа не сум јас крива,
ќе се отвори кога ќе кажат експертите, оти наука е тоа, со брзање не ја бива!
Ама, во прометот сепак има добри вести, приватните превозници се вратија,
па проблемите ги решавам еден по еден, требаше само малку дипломатија!

 

Христијан МИЦКОСКИ кандидат за домазет
Чувте ли која финта ја смислив за Таче, го нареков домазет во својата влада,
и дека толку нема никаква моќ, што дури и еден Апасиев му прави блокада!
Не знам како не му е срам од ДУИ да прима наредби, ама ќе дознаам скоро,
по изборите јас ќе сум на негово место, ДУИ ќе ми свири, а јас ќе играм оро!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Славјанка Петровска, Стево Пендаровски, Бојан Маричиќ и Димитар Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

 

Поврзани новости