(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Бојан МАРИЧИЌ европски знаменосец
На нашиот пат кон ЕУ мора да побрзаме, па нема блокади да трпиме,
со европско знаме в раце ќе маршираме, ако е скинато ќе го крпиме!
Левица и ВМРО нема да нѐ запрат, ниту за Уставот а ни за автопатите,
секоја глупост е мудрост ако се покрие со ЕУ боја, морате да сфатите!

 

Оливер СПАСОВСКИ борец против небезбедноста
Кај соседите се случуваат трагедии, ама најбезбедна земја сме си ние,
за три коли изгорени на Битпазар ќе го најдеме кривиот, џабе се крие!
Во моментов водиме 244 криминалистички истраги, и сите сме на нога,
разбиваме шверц на луѓе и оружје, а фативме и 2,4 тони секаква дрога!

 

Христијан МИЦКОСКИ несмирен дуелист
Ме боли што оваа власт краде пари место за идната влада да ги чува,
мене не ми дава мир тоа најдрско крадење, иако нив не ги лази мува!
Затоа го викнав Таче на дуел, за да одговори зошто корупцијата цвета,
а тој ме одби, страв му е од мене, и отиде дури до Вашингтон да шета!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Димитар Апасиев, Димитар Ковачевски и Никола Груевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости