(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ (не)ставач на вето
Сакам да ви кажам дека владеењето на правото за мене е ко нешто свето,
и затоа е можно за измените на законите за коридорите да ставам и вето!
Секако, нема ништо да направам импулсивно, без совет од правниот тим,
не знам дали Владата има лоши намери, но кај има оган често има и дим!

 

Димитар АПАСИЕВ левичар до гроб
Дури беа Оливер и Бисера на аџилак, јас и другарите бевме на #Хоџилак
ние сме буквално #ЛевичариДоГроб, стоевме до гробот на комунист јак,
#СлавниотЕнверХоџа кој во Албанија изгради комунизам (т.е. бар проба)
иако и Македонците тој ги репресираше, ради идеали тоа, #НеОдЗлоба!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ во економски подем
Во неделава полна со слатки вести, прво кредитниот рејтинг ни се качи
а и девизните резерви се за 270 милиони во плус, тоа знаете што значи:
дека и од Тајван идат инвестиции, како онаа на „Јагео“ од 205 милиони,
а подемот би бил и поголем, да бевме помалку кон корупцијата склони!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Славјанка Петровска, Данела Арсовска и Оливер Спасовски  е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

Поврзани новости