Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Сашо МИЈАЛКОВ застарен, но не и остарен
Каменот од блиску доаѓа, но правдата иде од далеку, па знае да закасни,
е па, мене ми застаре дело старо баш десет години и правилата се јасни:
за „Титаник 2“ нема да одговарам, а ослободителна добив за „Тортура“,
значи сѐ уште имам моќ, може „дагау!“ да викнам и да си запалам пура!
Славјанка ПЕТРОВСКА министерка под напад
Русинката Захарова што се замислува бре, знае ли дека јас сум во НАТО,
и оној вмровецон Ковачки што ми вади дијагнози, фрла блато по злато!
Ама баш ми е гајле, на Украина ќе ѝ дадам хеликоптери, па нека летаат,
а Ковачки ќе добие тужба, таквите на суд со мене има да се пресметаат!
Фатмир БИТИЌИ увозник на работници
Ми се смеевте кога реков дека ќе увезуваме работна рака, но ете бидна,
дури и Французин дојде да обива станови по Скопје, но нас не ни кидна!
Странците ги прават нештата што нашите не можат, и пример е Аналена,
дојде од Германија да го убеди Мицко во Уставот да смениме пар члена!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Билал Касами и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.