Владата ќе донира 12 неупотребливи хеликоптери на Украина од руско производство

by Fokus

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, ќе и предложи на Владата на следната седница да донесе одлука за донација на 12 хеликоптери „ми-24“ на Република Украина, соопшти министерката во синоќешното гостување на 360 степени.

Хеликоптерите „ми-24“ што ќе ги донира земјава се од руско производство и се набавени токму од Украина во 2001 година, но за нив уште пред 8 години, според Петровска, се истечени ресурсите, односно не се користат поради недостаток на резервни делови и слично.

„Некои од нив се модернизирани – односно два, меѓутоа таа модернизација била приспособена на тие услови тогаш и апсолутно не соодветствува со она што е потребно сега, па дури и ако сакаме да зборуваме за развој на технологиите“, рече Петровска.

Министерката Петровска вели дека борбените хеликоптери ѝ се потребни на украинската армија за изведување различен вид операции и борбени активности во актуелниот контекст и дека таа има капацитет да ги стави во функција.

 

 

Поврзани новости