(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ градител на автопати
Грдо е да се вади во јавноста „прљав долен веш“ па затоа со чист одиме,
со фирма што правела долна облека, на автопати надзорот ќе го водиме!
За цената од 1,3 милијарди, хистерија шират оние кои не нудат решенија,
проектот е светски, ќе градат Американци, но и човек баран од Ерменија!

 

Данела АРСОВСКА во градежна офанзива
Градоначалникот  Дарко лаже кога вели дека не сум знаела каде е Бутел,
а самиот бараше од вмровците да гласаат за мене, па зошто тогаш ќутел?
Знам каде е Бутел, таму булевар нов ќе градам, ама узурпаторите пречат,
ќе градам Мега парк во Чаир, а на мостот во Аеродром, ленти ќе се сечат!

 

Крешник БЕКТЕШИ борец против картелите
Трговијата со белиот прав т.е брашното е во рацете на картелот пекарски,
не знам кој е на чело на картелот, сигурно е некој наш Пабло Ескобарски!
Помеѓу политичари единството е кул, ама е чисто зло помеѓу бизнисмени,
партиските картели дерат, и на тој „пазар“ народот плаќа највисоки цени!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Стево Пендаровски, Славјанка Петровска и Билал Касами е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости