(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Христијан МИЦКОСКИ брз и бесен
Знам што ќе ме прашате, со двојната предност на анкетите зошто би брзал,
еве зошто барам брзи избори, и не е зашто Апасиев за радијатор ме врзал!
Ми измислија афера, ми ја мешаат и фамилијата, а уште не сум ни на власт,
знам, исто ќе трпам и ко премиер, ама друго е во фотеља, тоа си има сласт!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ замрзнувач и разубавувач
Многу работи во државава ни се ружни, како на пример цените на лебот,
па за нивно разубавување ги смрзнав и така го штитам на народот џебот!
Лага е дека сум ѝ рекол на некоја пратеничка дека е ружна, не е мој стил,
но предлогот на Алтернатива е неамерикански (т.е. ружен) и не ми е мил!

 

Никола ТУПАНЧЕСКИ поранешен министер
Немате поим колку ме умори владеењето, едвај чекав да ме замени Лога,
судскиот систем ни е навлечен на непотизам, ко да е на некоја јака дрога!
Сега тој нека се занимава и со милион бомби на Боки, и со синот на Талат,
а јас си се враќам на факс, само патувањата со Фатиме може ќе ми фалат!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Славјанка Петровска, Данела Арсовска и Бојан Маричиќ е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости