Несериозен и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини, вели Ковачевски

by Fokus

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија – одговори премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за оваа идеја на партијата Алтернатива.   

 -Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридски рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии – и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето социјални станови во Гостивар.  

Поврзани новости