(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Бојан МАРИЧИЌ повикувач на ширење
Тоа што и јас сум широк не е случајно, оти многу сакам широки нешта,
иако за да се прошири ЕУ и нас да нѐ прими ќе ни треба финта вешта!
Сонувам за широка коалиција со сите партии, но без Мицко и Апасиев,
во проширен Устав да влезат Бугари, добредојдени ко Русите во Киев!

 

Никола ГРУЕВСКИ хиперактивен инфлуенсер
Во последно време скоро секој ден се јавувам со статуси на мрежите,
па толку не бев активен ни кога беше во мода слоганот “че си лежите“!
Се карам со Заев, евоцирам спомени, делам совети, инфлуенсер цел,
некои мислат дека се спремам за враќање, ама не, теренот не е зрел!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ релаксиран човек
Дојде во Скопје да види до каде сме со уставните измени, Дерек Шоле,
и јас му викам: а бе што се секираш па ти, сѐ е под контрола, горе-доле!
Таа работа е толку готова, што имав време и на Зеленски да му се јавам,
не ми е тешко Украина да ја посетам, а не па Бугари во устав да ставам!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Никола Тупанчески, Али Ахмети и Стево Пендаровски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости