Маричиќ: Ние сме за внесување на Бугарите во Уставот пред влегување во ЕУ

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е добро да се лицитира со временски рокови околу барањето за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, но Владата е за тоа да се направи пред нашето влегување во ЕУ.

-Ние, нашата Влада, повеќе пати јавно истакнавме дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 со Охридскиот рамковен договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ. Останува во наредниот период во разговор и отворен дијалог со Бугарија да најдеме и начин, меѓутоа и временски рок којшто ќе биде најсоодветен за тоа, рече Маричиќ.

Поврзани новости