(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Славјанка ПЕТРОВСКА министерка под напад
Со оној Ковачки што ми наоѓа луксузни вили имав дуел на телевизија,
вели има унапредувања за поткупи, а бе лупа ко максим по дивизија!
Јас имам само долгови и кредити за враќање, видете во анкетен лист,
а за Премиерот вредам повеќе од цел ИК на ВМРО, образот ми е чист!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ загрижен за стандарди
Го слушнавте ли Маричиќ, вика дури во 2030-та како во ЕУ ќе живееме,
па јас со моите 93.000 денари плата се надевам дека во тоа ќе успееме!
Студенти живеат во мизерија, во студентски дом ни мој син не би дал,
најубаво да ги сместиме во Мериот, таму и Мукоски си помина ко крал!

 

Данела АРСОВСКА ептен независна градоначалничка
„Слобода превоз“ се буни џабе, јас сум во војна со сите ама не се давам,
Ленин вика сум му пратила инспекции, а и на Трајко катанец му ставам!
Во Советот буџетот го има блокирано ВМРО, Мицко тоа го наредил така,
ај да имаме предвремени избори за совет и да видиме кого народ сака!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Моника Зајкова и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости