Анкетен лист на Петровска: Нема имот, само два кредита и долг на кредитната картичка

by fokus

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, ја обвини министерката за одбрана Славјанка Петровска дека во анкетниот лист не пријавила дека поседува луксузен и голем имот со базен во Радишани. Според него, имотот не само што не е пријавен, туку е и дивоградба.

Во анкетниот лист на Славјанка, пак, поднесен до Државната комисија за спречување на комисијата, нема наведено дека министерката поседува имот. Во него единствено е наведено дека министерката има долгови. И тоа два кредити земени во 2019 година, а во вкупна вредност од речиси 14.000 евра, и долг на кредитната картичка од 2.500 евра.

Петровска пред два дена пак истакна дека се што има е пријавено во нејзиниот анкетен лист,а ако има непријавен имот таа ќе го донира.

-Ако имам непријавен имот, јас ќе го донирам на ВМРО ДПМНЕ, изјави Петровска.

Поврзани новости