Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.
*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.
Никола ГРУЕВСКИ експерт за храна
Го памтите ли моето време, кога немаше за леб, но имаше за чоколада,
и кога прававеме и згради – шампити, а сега со што се фали оваа влада?
Премиерот вели ќе има храна оваа зима, мислиш владее тој со Етиопија,
кога владеев јас се кркаше и се лапаше, ова сега и на тоа е бледа копија!
Димитар КОВАЧЕВСКИ посветен на Европа
Пред Урсула на чист македонски јазик за „Фронтекс“ договор склопивме,
а и плус едно ветување за помош од 80 милиони евра од ЕУ си попивме!
Сега „дамо ро драмо“ т.е. рамо до рамо во Брисел седиме, преговараме,
Урсула очекува уставни измени, или и таа со мене Мицкота ќе го караме!
Славјанка ПЕТРОВСКА задолжена за одбраната
О, жив срам ме изеде, крадци влегле во Домот на АРМ и украле кафемат,
очигледно треба појака стража, од сега и по еден специјалец на секој кат!
А во ова време на војни, не е лоша идеја и платите во армијата да рипнат,
ете, за сите по 2.000 денари плус има, па ај крадците сега нека нѐ пипнат!
Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Данела Арсовска, Димитар Апасиев и Оливер Спасовски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.