Петровска по зголемувањето на платите на војниците: Тоа не значи дека треба да застанеме!

by Fokus

Ги подобруваме условите на припадниците на Армијата, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на армискиот полигон Криволак, одговарајќи на прашање околу најавеното покачување на платите на вработените во Армијата.

– Сакавме уште еднаш да потврдиме дека продолжува имплементцијата на измените на Законот за служба во армијата, кои беа изгласани пред неколку месеци во Собранието. И со оглед на тоа да не се појават некакви недоразбирања, вчера одржавме конструктивна средба со претставниците на сите четири синдикати. Уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено. Дека од 1 ноември ќе следи покачувањето на платите на сите припадници на Армијата. И за воени и за цивилни лица, за околу 2000 денари, нешто над 2000 денари, согласно покачувањето на цените и она што се случува во економијата, појасни министерката.

Таа рече дека во изминатиот период на полето на придобивките или она што е подобрување на условите на припадниците на армијата, се направи многу.

– Меѓутоа, тоа не значи за нас дека треба да застанеме. Дијалогот со сите четири синдикати ќе продолжи во иднина. Мојата врата за нив е секогаш отворена, затоа што мислам дека само на тој начин, можеме да ги зголемуваме придобивките за сите страни во општеството, децидна беше Петровска.

Поврзани новости