(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ концентриран на парите
За да заштедиме нема да одиме вгодина на Евровизија, сакам да ме сфатите,
ќе ревидирам и менаџерски договори, само за да нема „платење на кратите“!
Но, ќе нема штедење за владината потрага по нови инвеститори во Абу Даби,
министерски дрим тим со мене на чело, од шеиците куп кеш мора да зграби!

 

Христијан МИЦКОСКИ ем прислушкуван, ем игнориран
Го гледавте ли Аце мој кога рече дека него и мене службите нѐ прислушуваат,
навидум е скандал, ама всушност таквите гестови на внимание и ме радуваат!
Ако, нека слушаат, има и што да чујат: сум им нашол гас и мазут по пола цена,
со Бугарија ќе репреговарам, а можеби веќе имам и 61 глас за владина смена?

 

Славјанка ПЕТРОВСКА експерт за сојузништва
Честитки до претходната министерка на МО, на која ѝ падна секира во медот,
Шеќеринска стана потпретседател на ПЕС, па може и мене ќе ми дојде редот!
Тоа е доказ дека не е битно колку е некој сам јак, ако јаки сојузници тој нема,
на пример, Груби кого во ДУИ го поразија, па и за одење од Влада се спрема!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Данела Арсова, Марко Бислимовски и Бојан Маричиќ и  е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

 

 

Поврзани новости