Јас и Мицкоски сме нелегално прислушувани, тврди Николоски

by fokus

Ние сме во континуитет нелегално следени од страна на структури кои формално се во рамки на безбедносните структури во Македонија, но ја злоупотребуваат својата службена положба и обвластување, тврди потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Најследен е претседателот Христијан Мицкоски, исто така и јас сум следен и одредени други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не мислам дека е демократски и нормално високи функционери од безбедносните сили да се гледаат со новинари и да им пласираат полуинформации и невистини, коишто после бараат од нив да ги објават во јавноста насочени кон опозицијата, изјави Николоски во дневникот на Сител.

Николоски изјави дека претходната влада падна заради масовно прислушување.

-Оваа влада имаше перфектен начин да ја научи таа лекција, ама обземени од моќта од тајните служби и тие ќе изгорат можеби и полошо од претходната власт, изјави Николоски.

Поврзани новости