(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Љупчо НИКОЛОВСКИ обезбедувач на храна
За 20 милиони денари ќе купиме јаболка и по школите ќе ги даваме,
а за 18 милиони евра гас набавивме и топланите в погон ги ставаме,
но ни денар повеќе нема да има за морски плод, бадем или лешник,
Владата ќе штеди, но треба и приватниците, ко што побара Крешник!

 

Данела АРСОВСКА во ново друштво
Имам нов заменик градоначалник, тоа е Аце од ГРОМ, сите го фалат,
освен вмровците кои ме мразат, ко на пример оној Славески… Талат!
Знам дека се вика Трајко, но ич не ми е гајле, нови другари си фатив,
нови ве-де директори на ЈП-та ставив, а Мицко во заборав го пратив!

 

Стево ПЕНДАРОВСКИ солидарен претседател
Како врховен командант мислам дека служењето војска дебата бара,
а во Софија да патувам за историски дебати, искрено, баш ме замара!
Но, нема дебата за парното греење, на ладни радијатори вето ставам,
нема ли парно за народ, и јас во вилата на Водно, Снешко ќе правам!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Димитар Апасиев и Славјанка Петровска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости